Долг
Шетаат Мујо и Хасо по улица.
Од зад една зграда истрчал криминалец
со пиштол во раката и ги побарал сите
пари што ги имаат. Двајцата брзо ги
извадиле паричниците и почнале да ги празнат.
Во тој метеж, Хасо се свртел кон Мујо и
му подал 100 евра велејќи:
-А бе Мујо, еве ти ги оние 100 евра што ти ги должам !!!